351
Северна Македонија е петта во светот според смртноста од Ковид-19 со 121 смртен случај на 100,000 жители, покажува анализата на агенцијата Франс Прес. Пред нас се, Белгија со 170 смртни случаи на 100,000 жители. Следува Словенија со 135, Босна и Херцеговина со 126 и Италија со 125.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот до денеска, регистрирани се вкупно 85 милиони и 51,970 случаи на заразени. Од нив, се смета дека најмалку 54 милиони луѓе оздравеле, пишува Франс Прес, а пренесува ДВ.
Најтешко погодени се САД со 351,590 досега регистрирани смртни случаи од вкупно 20,639,854 случаи. Потоа следуваат Бразил, Индија, Мексико и Италија според вкупниот број на смртни случаи.
Од почетокот на пандемијата во државава починале 2550 лица.