Објавена причината за смртта на жената која почина по вакцинацијата во Словенија

од Stefanija Kuzmanovska
522 прегледи

Постарата жена, која почина во Словенија деновиве по вакцинирањето против ковид-19, починала поради повторен срцев удар и смртта немала непосредна врска со самата вакцинација, изјави денеска владиниот портпарол за ковид-19, Јелко Кацин.

На владината прес-конференција, Кацин рече дека станува збор за постара жена која примила вакцина на „Фајзер-БиоНТек“ во еден од домовите за стари и немоќни лица, потсетувајќи дека вакцинацијата за стари лица и целото население се базира на доброволна основа и со согласност на секоја личност.

Прелиминарниот заклучок на експертите е дека станува збор за повторен срцев удар, бидејќи таа веќе имала еден претходно и дека нејзината смрт не била поврзана со вакцинацијата, рече Кацин.

Тој додаде дека заклучокот за тој случај ќе го даде независна комисија формирана во рамките на Министерството за здравство.

Веројатно ќе се изврши и обдукција на телото.

Слични содржини