Казни за 80 возачи поради надминување на дозволената брзина

од Nikola Popovski
189 прегледи
МВР соопшти дека Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска (07.01.2021) на територијата на Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената.
„Санкционирани се 80 возачи, од кои осум возеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Санкционрани се и 21 други прекршоци“, велат од Министерството.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во областа на сообраќајот со цел зголемување на безбедноста на улиците и патиштата.

Слични содржини