367
„Ивермектинот“ ги помина сите фази според нашите уредби и во МАЛМЕД, лекот ќе се издава на рецепт од страна на матичните лекари и во болнички услови, ќе стаса во земјава во следните две недели најави министерот заздравство Венко Филипче.
Тој објасни дека лекот ќе се дава на три групи граѓани и кај сите ќе има различно дозирање, поради што мора да се консултира лекар за неговата употреба.
Станува збор за ризични групи на работници, лица кои имале потврден контакт и луѓе кои се заболени од ковид-19. Различно дозирање има кај сите групи и затоа треба да биде под надзор на лекар, изјави Филипче.