318
На денешната 40. владина седница, угостителските објекти е утврдено дека од 21. јануари ќе работат до 21. часот, информираше премиерот, Зоран Заев на својот фејсбук профил
На денешната владина седница ги разгледавме епидемиолошките насоки, при што Владата донесе одлука дека почнувајќи од 21 јануари, угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот.
Со оваа одлука заршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети.