Заев: Ќе спроведеме акциски план со Бугарија на првата Меѓувладина конференција

од Nikola Popovski
330 прегледи

„Тоа е акциски план на секторска основа, каде што преку повеќе сектори, каде што очекуваме да биде усвоен на првата Меѓувладина конференција помеѓу Бугарија и С. Македонија, за да биде прифатен и адаптиран и веднаш да влеземе во негово спроведување“, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Според него, ова се адресира на транспортот, комуникацијата, изградбата на инфраструктурата, граничните премини, патиштата, образованието, здравството, културата и спортот.

„Интерес е на двата народи да создадат убава атмосфера за отворените политички прашања“, смета Заев.

За смената на членот на Историската комисија во преговорите со Бугарија, премиерот Заев истакна дека на историчарот Литовски му истекол договорот и тој не сака да го продолжи.

Слични содржини