Се стабилизира состојбата со коронавирусот во земјава, велат надлежните.
-Да продолжиме доследно и целосно да се придржуваме до мерките за заштита од Ковид-19 и превенција од понатамошно ширење на вирусот, апелираат од министерството за здравство.
Нема пречка за увозот на вакцините од Србија
„Првите вакцини од Фајзер и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз. Планот за вакцинација е подготвен. Спремни сме со нашата инфраструктура, фрижидерите веќе се инсталирани и може да се складира огромна количина на вакцини. Во моментот кога ќе пристигнат вакцините имаме план по којшто ќе постапуваме, здравствените работници се први.Србија е единствената земја во целиот регион каде има локално претставништво на Фајзер и тоа на некој начин им ги забрза работите. Но, и тоа не е пречка свесни дека е таква нашата законската регулатива, производителот Фајзер, се согласи првите количини вакцини кои ќе дојдат во нашата земја и преку директниот договор, но и преку помошта од Србија да дојдат со т.н интервентен увоз, за што има законска регулатива и за тоа не треба регистрација“, вели министерот Филипче.
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија сака да им помогне на околните земји во однос на вакцинацијата против коронавирусот, потсетувајќи дека претседателот Александар Вучиќ и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев се договориле Србија да и помогне на С.Македонија со 8.000 дози, рече Брнабиќ во изјава за ТВ Хепи.
Таа додаде дека задачата на Владата на Србија за помош на земјите од регионот е дадена од претседателот Александар Вучиќ, со образложение дека „ако нашите граѓани се вакцинираат, а нашето соседство нема вакцина и не е среќно, не можеме ниту ние да напредуваме.“
-Србија помага и во регистрирањето на вакцините во Северна Македонија и на таа соседна земја и е понудено лекарите од црвената зона да дојдат во Србија и да се вакцинираат тука, кажа Брнабиќ.