Основачот на компанијата Мајкрософт и американскиот милијардер Бил Гејтс откри дека ја примил првата доза на вакцина против коронавирусот и им се заблагодарил на сите луѓе кои работеле на правење лекови и вакцини против КОВИД-19.
– Една од придобивките како 65-годишник е тоа што имам право на вакцина против коронавирус. Првата доза ја примив неделава и се чувствувам одлично. Благодарам на сите научници, волонтери за истражување, регулатори и медицински професионалци кои се на првите редови на одбраната кои не доведоа до оваа точка “, напиша Гејтс на Твитер.
За потсетување, Гејтс неодамна во својот блог рече дека 2020 година беше ужасна година, но тој смета дека добиваме добри вести во 2021 година.
– Поголемиот дел од 2020 година го поминав со колегите во фондацијата (Фондацијата Гејтс) ширум светот за начините како се тестира, третира и спречува COVID-19. Кога размислувам за брзината на научниот напредок во 2020 година, јас сум зачуден. Човечката раса никогаш не постигнала толку многу напредок кога станува збор за лекување на која било болест за една година, како што направи светот во борбата против КОВИД-19 – објасни Гејтс.
One of the benefits of being 65 is that I’m eligible for the COVID-19 vaccine. I got my first dose this week, and I feel great. Thank you to all of the scientists, trial participants, regulators, and frontline healthcare workers who got us to this point. pic.twitter.com/67SIfrG1Yd
— Bill Gates (@BillGates) January 22, 2021