Имунолошкиот одговор на новиот вирус на корона не се развива пред 32-45 дена по вакцинирањето, или максимум 52 дена после тоа, изјави денеска Александар Горелов, заменик директор за наука на Централниот истражувачки институт за епидемиологија.
– Знаеме дека антителата не се произведуваат пред да поминат 32-45 дена, додека максималното количество се развива по четири периоди на инкубација или 56 дена подоцна, кога сите можеме слободно да дишеме. Сепак, тоа не значи дека можеме да престанеме да носиме маски – рече Горелов, пренесува ТАСС.
Горелов истакна дека луѓето не треба да се грижат ако поради некоја причина го пропуштат датумот на втората доза.
– Всушност, тоа не е толку критично, бидејќи светот има информации дека одредени земји применуваат вакцинација во рок од шест недели. Затоа, мислам дека времето може да се избере во овој рок.Всушност, веќе сме свесни дека ова е класичен пример – 30-45 дена помеѓу вакцинациите се прифатлива временска рамка – рече експертот.
Русија на 18 јануари започна масовна вакцинација против вирусот корона.
Граѓаните можат бесплатно да добијат една од двете регистрирани вакцини Спутник V или ЕпиВаКорона.