Министерството за здравство соопшти дека во изминатово деноноќие починале нови 11 лица како последица на коронавирусот.
Од нив, пет пациенти се од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.).
Еден е починат вон, останатите пациенти се починати во болнички услови.
Од почетокот на ковид-кризата во земјава починале вкупно 2.779 лица.