Вакцината е еден од клучните елементи со справување со епидемијата, покрај мерките, носењето на маски и дистанца, вакцинацијата ќе придонесе за решавање на проблемот со пандемијата, вели доктор Катерина Ставриќ во вестите за Сител.
Таа вели дека од досегашните студии сите вакцини покажале ефикасност од 95, 93 проценти заштита.
-Генерално има четири типа на вакцини и ниту една не може да предизвика болест. Сите студии покажаа дека вакцините се безбедни. Вирусите мутираат, а според последните информации вакцината на „Фајзер“ штити и од новиот тип. Ако сакаме да бидеме заштитени од вирусот морам да ги примиме двете дози. Ефикасноста на вакцините не може да се гарантира со примање на една доза. Затоа треба и мора да се примат двете дози, вели Ставриќ.