165
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден (30.01) продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
„На териториите на Општина Центар и Општина Илинден изречени се вкупно 124 мерки, од кои 11 за брзо возење, 20 за возење без возачка дозвола, 4 за нерегистрирани возила, 17 за возење под дејство на алкохол и 6 за минување на затворен семафор (црвено светло). Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, стои во соопштението на полицијата.