Грижата и поддршката за работниците и унапредувањето на работничките права се приоритет на СДСМ и на институциите што ги предводи, стои во соопштението од СДСМ
-Со процесот на измени на Законот за работни односи, со кои недела станува неработен ден, ден за одмор за најголем дел од работниците, СДСМ реализира уште едно ветување од Програмата и овозможува поголема социјална еднаквост и заштита и унапредување на работничките права, стои во соопштението на партијата.
Ја зголемивме минималната плата од 9 на 14.500 денари, а просечната плата изминатите години континуирано расте, во ноември лани се зголемила за седум отсто во однос на просечната плата во истиот месец претходната година, односно за 1800 денари.
Поддршката за стопанството, за работниците и граѓаните продолжува и со петтиот пакет мерки, кој е во финална фаза, се додава во партиското соопштение.