Треба да престанеме со предвремени избори, тие ги стопираат производствените капацитети, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори, кои би се одржале и заедно со локалните.
-Ќе повторам уште еднаш дека треба да престанеме со предвремени избори, поради нив се стопира економскиот развој во државата. Имам јасен правец во кој се движиме, а тоа европеизација.Секои предвремени избори се кочење на процесите, редовните се закажани за 2024 година , а дотогаш навистина треба сите почнувајќи од мене како и граѓаните да ги засукаме ракави и да работиме повеќе, рече Заев