Американскиот претседател Џо Бајден има многу попријатна комуникација со новинарите отколку неговиот претходник Доналд Трамп а сега многумина го пофалија еден од неговите гестови што се случи пред Белата куќа.
Имено, откако одговори на одредени прашања, Бајден се извини што не пијат кафе сите новинари и затоа реши своето да и го подари на една новинарка.
Новинарот Оливер Вилис го објави видеото на Твитер и изјави дека е убаво да се има претседател кој може нормално да разговара со други луѓе.
https://www.youtube.com/watch?v=LVY_n112UAM&feature=emb_title