Заев: Не сум кажал дека Вучиќ е националист, секогаш ги почитувам политиките на нашите соседи

од Nikola Popovski
190 прегледи

„Немам кажано дека Вучиќ е националист. Секој пат сум ги почитувал политиките на сите соседи и партнери на државите“, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање.

Тој потенцира дека српскиот народ покажа големо пријателство, како и претседателот Вучиќ, премиерката Брнабиќ и министерот Лончар.

„Јас сум благодарен за ова, а политиките на пријателство биле израз на оваа влада и така ќе продолжи. Пријатели ни се наоѓаат кога ни требаат“, истакна премиерот.