ОЈО: 30-дневен притвор за лице кое со бензин запалило автомобил

од Nikola Popovski
199 прегледи

Притвор од 30 дена му е одреден на беровец осомничен за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.

„Осомничениот на 12.2.2021 година, околу 1:30 часот во Берово, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување, со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото и имотот од големи размери. Тој со запалива течност – бензин полил, а потоа и запалил патничко моторно возило марка Пасат, паркирано на паркинг простор лоциран на улицата „Кеј на Младина“ во Берово. Во непосредна близина на возилото биле паркирани уште две возила, имало дрвен столб за ниско напонска мрежа и станбена зграда со 40 стана. Со неговите дејствија, осомничениот целосно го опожарил возилото и предизвикал поголема имотна штета во висина од 180 000 денари“, велат од ОЈО.

Основниот суд Кочани го прифати предлогот за притвор од јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани кој постапува во предметот.

Слични содржини