Јовановски: Театар Комедија беше кокошката која носи златни јајца

од Берта Китинска
278 прегледи

Откако се смени власта ништо не се смени јас не видов ништо подобро во културата, вели актерот Крсто Јовановски кој е активен член на ВМРО-ДПМНЕ  во емисијата 24 Анализа.

-Се поделија парите јас како пратеник прашав каде и кому ќе му бидат доделени, но тогаш не добив одговор. Не ми смета дали ќе бидат опфатени 5 или 10 години од страна на Финансиската полиција која сега ја прави ревизијата, ние прво немаме систем во државата сите институции ни функционираат под партиски клуч. Театарот Комедија беше кокошката која носи златни јајца и човекот кој беше поставен за директор го ограби театарот, вели Јовановски.

Тој додаде дека не може градежен инженер да ја води културата и тоа е деградација на самата култура.

Слични содржини