Казни за 229 возачи во Скопје, 12 од нив за користење на мобилен телефон

од Nikola Popovski
170 прегледи

„Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 229 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 44, 17 санкции за возење без возачка дозвола, 12 за користење на мобилен телефон“, велат од МВР.

Според нив, изречени се пет санкции за минување на затворен сигнал(црвено светло), 6 мерки за возач почетник, седум санкции за некористење сигурносен појас и 53 санкции за непрописно паркирање.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, истакнуваат од полицијата.

Слични содржини