Казнети 216 возачи, 13 од нив користеле мобилен телефон при возење

од Nikola Popovski
156 прегледи

Министерството за внатрешни работи извести дека во текот на вчерашниот ден (18.02.), само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 29, 52 прекршоци што ги чинат пешаците, пет за возење без возачка дозвола.

„Изречени се 13 санкции за користење на мобилен телефон, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила и 66 мерки за непрописно паркирање. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Слични содржини