Русковска: „Монструм“ не требаше да биде вратен на повторно судење

330 прегледи

Во своето гостување на „Утрински брифинг“, обвинителката за организиран криминал, Вилма Русковска се осврна на случајот „Монструм“ кој денес после 9 години ќе добие своја конечна разврска.

Во таа насока, Русковска смета дека е направена грешка со укинувањето на предметот, односно ја смета погрешна одлуката на Врховниот суд кој во 2017. година го врати предметот на повторно судење.

„Предмет како и секој друг предмет. Се направи голема грешка што истиот се укина. Како што разговарав со колешката Фетаи, ниту еден нов доказ не се изнесе од она што беше на претходното судење“, рече Русковска.

Случајот „Монструм“ се однесува за петкратното убиство на децата кај „Смилковското езеро“ во 2012 година.

Предметот беше вратен на повторно судење откако одбраната објави дека има нови докази за случајот.

Слични содржини