160
Министерството за внатрешни работи објави дека само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 122 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 26, пет за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила.
Од таму додаваат дека седум возачи биле казнети за користење мобилен телефон, пет за непочитување на првенство на минување и 44 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР. Апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.