Претседателот на Руската академија на науките: Короната никогаш нема да исчезне целосно

од Stefanija Kuzmanovska
341 прегледи

Инфекцијата со коронавирусот никогаш нема да исчезне целосно и ќе остане со човештвото засекогаш, како што се случи со вирусот на грип, изјави денеска претседателот на Руската академија на науките (РАС), Александар Сергеев.

– Она што го набљудуваме сега значи едно – инфекцијата со коронавирусот ќе остане засекогаш во човештвото, како што се случи во одреден момент со вирусот на грип – посочи тој за ТАСС.

Инструментите во борбата против ширењето на коронавирусот се јасни – вакцинација и создавање нови фармацевтски производи, додаде Сергејев.

Според последните податоци, повеќе од 115,2 милиони луѓе биле заразени со коронавирусот во светот, додека повеќе од 2,5 милиони починале.

Слични содржини