484
Вечерва повторно се тресе во тлото во Грција, а земјотресот се почувствува и во нашата земја, поточно во Скопје. Според податоците на EMSC, земјотресот бил со јачина од 5,5 степени според Рихтер, со епицентар 29 километри од Лариса и 15 километри од Тирнавос, на длабочина од 10 километри.
Ова нов потрес после вчерашниот кој се случи во истата област од нашиот јужен сосед. Информации за повредени или материјална штета засега нема.