Се враќа ли полицискиот час во Северна Македонија?

од Берта Китинска
215 прегледи

Коронавирусот поради не почитување на мерките забрзано се шири.

Денеска Владата ќе треба да го разгледа барањето за воведување полициски час на територијата на целата држава.Во изминатите недели, просечниот дневен број на новозаразени со коронавирус во земјава се удвои.

Новиот предлог за воведување полициски час според министерот за здравство се должи на зголемената инциденца на заболени од ковид-19.

-Евидентно е дека изминатите десетина дена се зголемува инциденцата, а најмногу е зголемена во Скопје, Прилеп, Охрид, Кавадарци и Неготино. Има зголемен прилив на пациенти во болниците, во Кавадарци почнува да работи и модуларната болница, изјави Филипче.

Министерот најави дека полицискиот час ќе трае две недели.

-Има групирање по затворање на угостителските објекти . Засега предлогот за полициски час е тоа да биде две недели,  но може да има и измена на таа препорака. Некои други мерки засега не предвидуваме. Комисијата апелираше Инспекторатот колку може да ја интензивира работата во смисла на контрола и проценка дали се почитуваат препораките. Сите инспекторати сега имаат зголемени ингеренции, а ние ситуацијата ја следиме, па ако треба ќе носиме нови препораки – потенцира Филипче.

Здравствените власти засега не размислуваат за викенд карантини како во некои соседни земји, но велат ја следат состојбата и не ја исклучуваат можноста и за вакви рестрикции.

Пред една година, на 22 март во земјава беше воведен за првпат полициски час, поради опасноста од ширење на коронавирусот.

„ Нема компромис кога здравјето на граѓаните е во пршашање. Мерките мораме сите да ги почитуваме и само така ќе ги спасиме и народот и државата”, рече теогаш министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Слични содржини