Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за српската телевизија„Н1“ ги опишал односите меѓу С. Македонија и Србија, имајќи го предвид фактот дека нашиот северен сосед донираше неколку илјади вакцини. Медиумот прашал дали со тоа е завршен критичниот период од пред три или четири години, кога Вучиќ се закани дека ќе ги прекине дипломатските односи меѓу двете земји.
„Српскиот и македонскиот народ отсекогаш биле големи пријатели и браќа, повеќето од нив се православни христијани, имаме одлична соработка. Во минатото имавме одредени драми што се случуваа за време на промената на владата во средината на 2017 година, бидејќи во нашата земја се одвиваше процес на големо прислушување“, рече Заев и додаде дека штом ја презел функцијата во нова влада, тој го решил проблемот со Вучиќ и дека оттогаш тие соработуваат и постојано се подобруваат.
Тој исто така вели дека во С. Македонија, пред неколку месеци донеле одлуки да го вратат српскиот јазик како изборен од 3 во 6 одделение од основното образование и дека тоа се подготвува да се случи и во повисоките одделенија.
„Последниот чин на братска љубов што го покажа српскиот народ да донира повеќе од 8.000 вакцини кога има недостиг на вакцини насекаде во светот и кога Србија нема доволно, е навистина огромен чин на пријателство што ние и нашиот народ нема да заборавиме “, рече Заев.