387
Србија бележи повеќе од 4.000 нови инфекции со коронавирус секој ден во текот на изминатите седум дена, 4.590 денеска, а во исто време расте бројот на пациенти на болничко лекување и респиратори, според српските здравствени власти, кои објавија 21 смртен исход од ковид-19 денес.
Во средата имало 4.311 пациенти во ковид-одделенијата на болниците во Србија, од кои 212 биле на респиратор.
Од првиот официјално потврден случај на коронавирус на почетокот на март минатата година, досега се регистрирани 498.696 заразени лица.