Бракот честопати се смета за „круна“ на љубовната врска. Сепак, овие хороскопски знаци воопшто не ни размислуваат да го изговорат судбоносното „ДА“.
Овен
Тврдоглавиот Овен не ја сака идејата да ја жртвува слобода за било што. Тешко им е да дозволат работите да се одвиваат по природен тек, а ставот дека сè мора да биде по нивно, честопати е одбивен за другите, пренесува „Пинквил“. Поради тоа, тие повеќе би сакале да останат сами, отколку да се покоруваат на нечии желби и да се менуваат од корен.
Близнаци
Премногу се амбициозни за да се сместат на едно место. Најлошото што може да им се случи е да бидат ограничени и затворени во врска, со воспоставена рутина. Постојано им требаат нови возбудувања, па затоа се многу пребирливи и тешко се одлучуваат да го поминат целиот свој живот со еден партнер.
Девица
Тие се толку зафатени со постигнување на своите цели во кариерата, што немаат време да им се посветат на другите. Бракот за нив ретко е приоритет, бидејќи тие се стремат кон постојано подобрување во различни сфери на животот, што не им дозволува да се посветат на една личност.