Расте бројот на позитивни лица, во овие градови има најмногу заболени

од Берта Китинска
258 прегледи

Изминативе денови бележиме раст на бројот на заболени лица во земјава. Вчера беа регистрирани над 900 нови случаи, а починаа 21 лица.

Вкупно 937 пациенти се примени во изминатите 24 часа во ковид-центрите низ државата, а од нив 355 се во Скопје и 582 во другите градови. Утрово, според Министерството за здравство, во ковид-центрите имало околу 260 слободни болнички кревети.

Најмногу има во:  

Скопје 453, активни 5017

Прилеп 65, активни 757

Кавадарци 41, активни 572

Охрид 19, активни 436

Неготино 44, активни 367

Најмалку има во:

Пехчево 2, активни 6

Дојран, активни 4

Македонски Брод, активни 7

Македонска Каменица, активни 2

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374.

Слични содржини