178
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во текот на вчерашниот ден, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 114, 12 санкции за возење без возачка дозвола, три за некористење на сигурносен појас.
„Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, две за недавање првенство на минување на пешаци, четири за минување на затворен сигнал(црвено светло), 20 за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, стои во соопштението.