С. Македонија ќе добие над 100.000 вакцини од АстраЗенека, објави СЗО

од Nikola Popovski
182 прегледи

СЗО ја информирале македонската Влада дека земјава ќе добие 100.800 вакцини Астра зенека од КОВАКС механизмот, објави денес ТВ 24. Тие до телевизијата испратиле листа со бројот на вакцини што се определени за секоја земја од регионот.

Според дописот од СЗО, кој го објавува телевизијата, „првата фаза на распределбата им била соопштена на релевантните влади кои тесно соработувале со партнерите во КОВАКС и производителите на вакцини за специфичните датуми за испорака , според СЗО, временските рамки за овие испораки ќе бидат објавени во наредните денови.

Според листата најмногу вакцини преку КОВКАС механизмот ќе добие Србија – 295,200 дози, Албанија ќе добие 120.000 вакцини, а Косово ќе добие иста количина како и Македонија. Босна и Херцеговина ќе добие вкупно 131.400 вакцини.

Во меѓувреме, македонскиот премиер Зоран Заев, во интервју за луксембурскиот весник „Ворт“, како што пренесе МИА, вели дека „Македонија се разочарала од ЕУ со набавката на вакцини против ковид-19, но дека „им било кажано дека во овој момент е невозможно за Унијата да ги сподели вакцините“.

Од нашето министерство за здравство велат дека  ќе се раководат по  препораките на Европската медицинска агенција и СЗО.

Слични содржини