И Светската здравствена организација ги препознава и поздравува напорите и посветеноста на Северна Македонија за обезбедување вакцини и во борбата против коронавирусот. Нашата држава освен што ги нарача вакцините преку КОВАКС механизмот, исто така ги заврши и сите финансиски и административни процедури и обезбеди соодветна обука и опрема за здравствениот систем“, објавија од владеачката СДСМ, по вчерашното интервју на директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, кој наведе дека владата направила се за да пристигнат вакцините и дека тоа ќе се случи за неколку недели преку Ковакс механизмот.
Според партијата, првите вакцини веќе се пристигнати, вакцинацијата на здравствените работници е во тек, во наредните недели се очекуваат поголеми количини вакцини.
„Во услови кога целиот свет се соочува со недостиг од вакцини и се бори со невидливиот и непредвидливиот непријател само ВМРО-ДПМНЕ со невистини и лажни вести се обидува да деградира здравствениот систем, со измислени конструкции сака да го поткопа процесот за набавка на вакцини.
ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата делува неодговорно и деструктивно, прави опструкции и блокади, со сите сили работи против здравствениот систем и јавното здравје.
Затоа е таму каде што е – во опозиција“, велат од СДСМ.