Истражување на ОН: Финска е најсреќна држава во светот, Македонија на 94-тото место

од Nikola Popovski
298 прегледи

Истражувањето спроведено за мрежата SDSN (Sustainable Development Solutions Network) при Обединетите нации покажа дека Финска е најсреќната држава на светот, додека Македонија е на 94-то место, од вкупно 150 земји.

Од државите од екс Југославија најсреќни се Словенците кои се на 29 место, Косово на 33, Србија на 48, Хрватска на 60, Босна и Херцеговина на 64 и Црна Гора на 72.

За разлика од изминатите осум години, новиот извештај вклучи и истражување како државите се справуваа со пандемијата на коронавирусот, покрај традиционалните параметри, како бруто домашен производ, животен век, слободи и корупција.

По Финска следат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург и Нов Зеланд, а на 10 место е Австрија.

Слични содржини