Полицискиот час останува на сила, нови мерки ако расте бројот на заразени

од Берта Китинска
222 прегледи

Од денеска продолжува полицискиот час од 22 до 5 наутро..Доколку се зголеми притисокот врз болниците министерот за здравство посочи дека  можни и дополнителни рестрикции.

-Полицискиот час продолжува. Забраната за движење е од 22:00 часот до 05:00 часот наутро. Комисијата за заразни болести во текот на следните денови согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни и дополнителни рестрикции. Апелирам на почитување на здравствените мерки и протоколите, напиша министерот Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Тој смета дека на почетокот на неделата ќе има резултати од полицискиот час што беше воведен пред повеќе од 10 дена.

„Очекувањата се дека после воведување на една одредена мерка резултатите ќе бидат видливи после седум до 10 дена, што значи дека на почетокот на следната недела очекуваме некакви резултати од воведувањето на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро“, рече Филипче пред неколку дена кога беше во по посетата на Општата болница во Кочани.

Забраната за движење на населението во временски период од 22 часот до 5 часот наутро беше воведена на 10 март. Угостителските објекти работат до 21 часот.

Ако се влоши состојбата и се зголемат хоспитализациите, можно е кратење на работното време на угостителите.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131.

Слични содржини