Граѓанскиот инспекциски совет, формиран од вкупно 26 невладини организации, здруженија на граѓани и високо образовни институции ќе има за цел да се влијае врз Државниот инспекторат за животна средина, меѓутоа и врз другите јавни институции поврзани со оваа проблематика во насока на подобрување на инспекцискиот надзор за намалување на загадувањето.
Лилјана Поповска од Зелен институт на денешната онлајн прес-конференција посочи дека оваа кампања се покажала како инзвонредна алатка за вклучување на граѓанските активисти и за влијание врз институциите во насока на поодговорно вршење на своите работи и спроведување на законите.
-Добивме потврден одговор, по што се обративме до Инстиутот за комуникациски студии да ги известиме за оваа иницијатива и тие понатаму ја проследија оваа иницијатива до целата мрежа на алијансата „Разбистри се”, и направија повик за вклучување во оваа иницијатива. И на таков начин беше формирана оваа мрежа од 26 невладини организации и високо образовни научни институции за влијание и соработка со Државниот инспекторат за животна средина, додаде Попоска.
Граѓанскиот инспекциски совет при ДИЖС е формиран на иницијатива на Зелениот институт во соработка со Институтот за комуникациски студии, во рамките на кампањата „Разбистри сѐ”.