„Факт е дека ваков механизам на избор на прв човек на партија досега не било пракса. Самиот факт на евидентирање на членството значи внатре-партиско будење на сопствените членови и факт е дека целата приказна доби прилично помпезна димензија во јавноста“, вели експертката за комуникација, Ангелка Пеева-Лауренчиќ за емисијата „24 анализа“, говорејќи на вчерашните партиски избори на СДСМ.
Според неа, имало мало предозирање во сегментот на нивото на партиски избори.
„Се даде преголем интензитет, но ова е и исчекор во целиот политички свет. Сепак сметам дека на место е позната англиска поговорка, „Less is more“, и самиот чин на непосредно гласање е доволна демократска порака“, изјави Лауренчиќ.