Граѓани од Македонија ќе се вакцинираат во Белград со „АстраЗенека“

од Nikola Popovski
190 прегледи

Голем број македонски граѓани кои добиле термини да ја примат вакцината „АстраЗенека“, викендов во Србија, веќе почнуваат да се организираат за групно заминување во Белград, објавија дел од медиумите.

Вакцинацијата ќе се врши само со „АстраЗенека“, во просториите на Белградскиот саем, а од нашето Министерство за здравсто објавиле дека нема никаква пречка тие да се вакцинираат во било која друга земја, ако добијат уредна потврда.

Викендов во Белград ќе се организира и вакцинација за бизнисмени и нивни вработени од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија кои сакаат заштита од коронавирусот, изјави претседателот на Српската стопанска комора, Марко Кадез.

Како што е најавено, обезбедени се 10.000 вакцини.

„Само заедно можеме да ја победиме чумата. Ние сме еден регион, нашите економии се тесно поврзани и само заедно можеме да го победиме ова зло. ПКС досега организираше вакцинирање на голем број наши бизнисмени и работници, а сега сакаме да им помогнеме на нашите соседи да успеат да ги зачуваат своите економии, бидејќи само тогаш целиот регион може да оди напред“, рече Кадез, кој е и претседател на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.

Во Србија изминатиов викенд се вакцинираа 105 медиумски работници, преку Македонската асоцијација на новинари (МАН), а Независниот синдикат на полицијата соопшти дека е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество на вакцини за своењто членство, истот така во Србија.

Во земјава сè уште не е почната масовната вакцинација на населението ниту пак се знае точен датум кога ќе почне. Досега вакцинирани се само дел од медицинските лица со вакцините на „Фејзер“ донација од Србија и  3.000 на „Спутник“ купени од Русија.

 

Слични содржини