Речиси 7.500 бизнисмени од регионот се на списокот за вакцинација во Белград и Ниш

од Nikola Popovski
402 прегледи

Претседателот на Српската стопанска комора (ПКС), Марко Чадеж денес изјавил дека 7.500 бизнисмени од регионот се на списокот за вакцинација во Белград и Ниш, а заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, оценил дека тоа нема да влијае процесот на вакцинација во Србија.

Најголем број регистрирани бизнисмени се од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора, изјавил претседателот на ПКС во Центарот „Белекспо“ во Нов Белград, каде што е организирана вакцинацијата на бизнисмените од регионот.

Горан Весиќ рекол дека е среќен што Белград „повторно станува центар на регионот“.

„Вакцинацијата на бизнисмени од регионот не влијае на процесот на вакцинирање на српските граѓани, бидејќи Српската стопанска комора набави вакцини преку посебен фонд“, нагласил Весиќ.

Тој истакнал дека досега во Белград околу 30 проценти од возрасните граѓани ја примиле првата доза, а околу 20 проценти биле превакцинирани.

АМСМ денес објави утрово се чекало околу 40 минути за да се напушти нашата земја на граничниот премин „Табановце“.

Според информациите на АМСМ, повеќе нема задржувања на влезот и излезот на другите гранични премини.

Слични содржини