Министерот Филипче во своето гостување на Сител додаде изјави дека следната недела ќе биде критична за состојбата со вирусот согласно проценката на промена на инциденцата во различни градови на државата.
-Некаде веќе има умерено намалување а некаде се уште не и тоа го гледаме по протисокот во болниците. Мислам дека следната недела ќе биде критична, брановите обично трaaт шест до осум недели, веќе истекува шестата недела и се соглaсувам дека пикот можеби е веќе пред нас, рече Филипче.
Дополнителна рестрикција, како што рече, нема да даде резултати затоа што веќе вирусот е широко распространет.