Несторовски упати пцовки, па објасни за кого биле наменети

од Nikola Popovski
607 прегледи

Напаѓачот на Удинезе, Илија Несторовски го постигна својот јубилеен 10-ти гол во репрезентацијата во синиќешната победа против Лихтенштајн и тоа со капитенската лента на себе, но наместо да се израдува тој ја разочара македонската јавност откако опцу на камерата.

Не се знаеше во прв момент кон кого беа навредливите зборови, но познато е дека тој беше на удар на јавноста и социјалните мрежи после слабата игра во последните неколку натпревари, особено на последниот натпревар против Романија во Букурешт.

Откако потегот предизвика многу негативни коментари кон фудбалерот, тој се обрати и објасни кого навредувал.

„Навредата беше наменета за 3 личности кои 3 дена ми се закануваат и ме навредуваат мене и мојата фамилија. Тие добро знаат кои се“, објави Несторовски на својот Инстаграм профил.

Селекторот Игор Ангеловски не го коментираше ваквиот потег на Несторовски, објаснувајќи на прес-конференцијата после натпреварот дека не видел што направил напаѓачот.

Слични содржини