Вирусот се шири, надлежните велат дека балансираните мерки даваат резултати

од Берта Китинска
236 прегледи

Македонија во моментов се наоѓа во третиот бран на пандемијата. Секојдневно се бележат висок број на починати како и на заразени лица со ковид 19. Според надлежните иако се наоѓаме во пикот, нема потреба од воведување на нови мерки бидејќи вирусот е раширен и истите не би дале ефект.

Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Клик плус“ истакна дека  балансираните мерки кои се веќе спроведени во нашата земја даваат резултати.

-Ние веќе подолго време имаме балансирани мерки, изминатиов период имаме рестрикциите кои се умерени каде ги намаливме  контактите кај младите за кои се утврди дека се пренесувачи  на вирусот.Во моментов кога имате висока трансмисија на вирусот може да дадат резултат само балансирани мерки како овие што се досега. Бројот гледаме дека полека се намалува откако се воведе полицискиот час. Се зачува здравствениот систем. Знаме сега овој бран веројатно ќе трае 6 до 8 недели, а сега сме во седмата недела. Мерките секогаш биле препорачуваме за заштита на здравјето на граѓаните, дополнителни рестрикции нема да дадат резултати, изјави Филипче.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 128.511, бројката на оздравени пациенти е 106.392, на починати е 3.749, а бројот на активни случаи изнесува 18.370.

Слични содржини