Се уште не е одложен пописот, нова шанса е утрешниот ден

од Nikola Popovski

Вечерва во Парламентот нема да се одржи пленарна седница за одложување на пописот, соопшти денес координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Цел ден имаме координации, сега на крајот од денот бевме информирани дека седница денеска нема услови да се одржи и дека е можно таа истата седница да се одржи во текот на утрешниот ден. Дополнителни информации ќе добиеме од спикерот и службите задолжени за тоа“, изјавил Мицевски, откако завршила координативната средба на претседателот на Собранието, Џафери со шефовите на парламентарните групи на која не се донела одлука за закажување на седница за предлог-измените во Законот за попис.

„Ако нема промена на Законот, тогаш секако дека треба да тече пописот, освен ако парламентот испрати јасен сигнал дека има мнозинство за донесување законски измени, со кои ќе се смени и терминот за спроведување на пописот. Во тој дел веќе е испратена порака дека имаме и повеќе од двотретинско мнозинство“, изјави денес премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја изјавата на Џафери дека не се согласува со одложување на пописот.

Наспроти спикерот Џафери, претседателот Стево Пендаровски вчера го поздрави договорот Заев-Мицкоски и нагласи дека тој треба и да се спроведе.

Слични содржини