Италија: 501 лице почина од корона за еден ден

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Во Италија во последните 24 часа од Ковид-19 почина 501 лице, а други 23.649 лица се заразија со коронавирусот, објави Министерството за здравство.

Во текот на изминатиот ден, извршени се 356.085 тестови.

Од почетокот на пандемијата во Италија биле заразени 3,6 милиони луѓе со вирусот, 109.847 починале, што е најмногу во Европа по Велика Британија.