МВР: Одреден притвор за Исмаиловиќ, очекуваме одлука за екстрадиција

од Берта Китинска
217 прегледи

Одреден е притвор за Африм Исмаиловиќ еден од осудените на доживотен затвор во процесот „Монструм“, информираат од МВР за „Локално“.

-Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР доби известување од косовските колеги дека на територија на Косово е приведен Африм Исмаиловиќ, за кој од наша страна е распишана меѓународна потерница и дека му е одреден 48 часовен притвор.  Очекуваме Косово да донесе одлука за екстрадиција на лицето, велат од МВР.

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите  побара од Приштина екстрадиција на Африм Исмаиловиќ кој вчера беше уапсен во Косово.

– Ние од поодамна имаме побарано екстрадиција и очекувам од новите косовски власти да ги потврдат меѓунардоните договори на кои и Косово и С Македонија се имаат обвразано, а тоа ќе ја зајакне и соработката меѓу двете земји. Секако, никој не е виновен додека со правoсилна одлука тоа не се потврди, но верувам дека во овој случај тоа е потврдено со судска одлука. Очекувам властите на пријателско Косово, да го почитуваат правото и меѓународните договори, и да го екстрадираат лицето, рече Заев денеска во Велес, одговорајќи на новинарско прашање.

Слични содржини