Заев за „Локално“: На бугарскиот народ му посакувам мудрост, памет од Господ да продолжат во духот на добрососедските односи

237 прегледи

Во рамки на денешната прес конференција, премиерот Зоран Заев на прашање од „Локално“, одговори за тоа какви се очекувањата за преговорите кои следуваат со соседна Бугарија, по вчерашниот изборен процес.

„Ние остануваме на истиот став. Прво да му честитам на бугарскиот народ за успешно оддржаните избори кои се случија во еден од најсилните бранови во однос на Ковид пандемијата. Да им честитам на сите за мандатите, секако и на премиерот Борисов и неговиот ГЕРБ за победата. Им посакувам мудрост, памет од Господ, како е најдобро за нивниот народ, така да ги организираат и разговорите. Ние ќе чекаме да се формира Владата и институциите за нормално подоцна да продолжиме со разговорите. Очекувам новата Влада во Бугарија да продолжи во духот на пријателството, добрососедството и соработката, согласно договорот којшто го потпишавме“, истакна Заев.

Слични содржини