Османи очекува поголем ангажман на САД во преговорите со Бугарија

од Nikola Popovski
196 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва соопшти дека очекува САД да помогне околу преговорите со Бугарија.

„Дефинитивно ќе има поголем ангажман од САД, но не очекувам тоа да биде како еден вид притисок на едната или другата страна. Ние не сме во замрзнат конфликт, да немаме воопшто комуникација, и ние не сме дозволиле тоа, иако имаше опасност тоа така да се претвори во последните неколку месеци. И во најниската точка на односи, и критики на јавноста инсистиравме дека мораме да ја држиме директната комуникација. Но мислам дека е важно пријателите да бидат тука, затоа што целта ние е заедничка. И за САД е важно овој регион да биде дел од ЕУ“, рече Османи за емисијата „Клик плус“.