Те сакам. Едноставна и кратка реченица, но толку моќна. Не можеме сите лесно да ја изговориме, но сите сакаме да го слушнеме. Астролозите велат дека мажите родени во овие хороскопски знаци најтешко ги изговараат овие два збора.
Тие скоро никогаш не покажуваат емоции:
БЛИЗНАЦИ
На овој знак му треба многу време за да се препушти во нова врска, а особено за отворено и неограничено да ги искаже своите чувства . „Те сакам“ изговараат само кога се сигурни во своите емоции, а за тоа треба подолго време.
ДЕВИЦА
Припадниците на овој знак носат вродена потреба сè да биде совршено, вклучително и врската. Девиците се перфекционисти и постојано ги преиспитуваат своите чувства. Тие ќе се воздржат од изјавување љубов се додека не бидат 100 проценти сигурни во своите емоции. Ако ги слушнете овие два збора од Девицата, знајте дека тие се навистина искрени.
СКОРПИЈА
Скорпиите не сакаат промени и претпочитаат долги врски. За нив правило е да останат со партнерот во добро и во лошо.Сепак, и покрај тоа што тие се посветени на љубовна врска од самиот почеток, ќе кажат „Те сакам“ само кога ќе бидат 100 проценти сигурни дека врската е сериозна и силна затоа што не сакаат да покажат ранливост или да се повредат.
ВОДОЛИЈА
На припадниците на овој знак им треба многу простор и слобода во врската. Тие често преферираат нетрадиционални врски и ретко изјавуваат љубов затоа што сметаат дека ова ќе создаде обврски за кои не се подготвени. Тие се подготвени да ја жртвуваат својата слобода само за лицето кое ќе им овозможи да бидат тоа што се. Само тогаш тие се отвораат емоционално, целосно се предаваат на врската и велат „Те сакам“.