Фудбалскиот менаџер Мино Рајола се обидува да го продаде Ерлинг Халанд за рекордна сума, што дополнително би ги надминало границите во однос на трансферите и платата што ја примаат фудбалерите.
Секако, со ова тој самиот би заработил повеќе од кога било, но тој исто така би се осигурал на долг рок, бидејќи Халанд има 20 години и доколку избегне повреди, ќе има уште петнаесет врвни сезони.
Можно е добар дел од нив да помине во Манчестер Сити, кој интензивно го „врбува“, но дури и за овој богат клуб, барањата на Рајола и Халанд не се нешто со што можат да се справат.
„Сакам Халанд да биде првиот играч во историјата што заработува милион евра неделно“, рече Рајола, појаснувајќи кои се неговите планови.
Сити или ќе се предаде и ќе остане доследен или ќе ризикува напаѓачот на Борусија Дортмунд да биде земен од страна на порасипнички настроениот ПСЖ.