Доктор: Не е вистина дека Рајола починал, тој се бори за живот

од Vladimir Zorba

Откако голем број странски медиуми, меѓу кои и престижната Газета дело спорт, ја објавија веста дека починал еден од најпознатите спортски агенти Мино Рајола, се појавија спротивставени информации.

Имено, Рајола ја демантираше информацијата за смртта на Твитер, а профилот од кој се огласи е официјално верификуван од страна на Твитер.

„Моментална здравствена состојба за оние кои се прашуваат: Лут сум затоа што ме убиваат по втор пат за 4 месеци“, напиша Раиола.

За се зборуваше и познатиот италијански спортски новинар Фабрицио Романо, цитирајќи го докторот на Раиола – Алберто Зангрил од болницата „Сан Рафаеле“ во Милано.

„Револтиран сум од телефонските повици на псевдоновинари кои шпекулираат за животот на човек кој се бори за живот“, рекол докторот, цитиран од Романо.

Во јануари се појавија информации дека 54-годишниот Рајола бил во болница во Милано каде итно бил опериран, но нема детали. Единствено е објавено дека се работи за проблем со белите дробови.

Инаку, Рајола застапува многу фудбалски ѕвезди, меѓу кои и Пол Погба, Ерлинг Халанд и Златан Ибрахимовиќ.

Негови клиенти беа и Матијс де Лихт и легендарниот голман Џанлуиџи Донарума. Рајола, исто така, беше вклучен во големи преговори кои треба да одлучат каде Халанд ќе ја продолжи кариерата.

Слични содржини