Сопругата на Навални: Алексеј изгуби многу тежина, тешко зборува

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Сопругата на Алексеј Навални, Јулија денес објави на социјалните мрежи дека тој изгубил многу килограми и дека тешко зборува.

Откако го посетила сопругот во затвор, каде штрајкува со глад, таа ги сподели своите впечатоци на социјалните мрежи по разговорот што го водела со него на телефон преку стакло.

– Тој сè уште е весел и расположен како и секогаш. Сепак, тој има потешкотии додека зборува и од време на време се потпира на масата за да се одмори. Тој изгуби многу тежина … со 190 (см) тежи 76 кг – напиша таа.

Ова значи дека Навални изгубил 6 кг откако минатиот месец пристигна во затворот на 100 километри источно од Москва.

– Тие сè уште не дозволуваат доктор да го прегледа … Никогаш не сум ја видела кожата толку затегната околу нечиј череп, но знам дека тој нема да се откаже – додаде Навална.

Персоналот на рускиот затвор објави дека му понудиле на Навални соодветно лекување, но тој одбил. Навални беше префрлен во затворската клиника на почетокот на овој месец откако се пожали на висока температура и кашлица.

Руската затворска служба денес објави дека медицинската комисија го оценила неговото здравје како задоволително и дека тој бил пренесен од клиниката во главниот дел од затворот на 9 април, објави новинската агенција РИА.

44-годишниот Навални штрајкува со глад од крајот на март во знак на протест против, како што рече, одбивањето на затворските власти да го третираат соодветно за акутни болки во грбот и нозете, јавува Ројтерс

Слични содржини